iDesign лого
Секогаш кога има можност вашите услуги и производи да ги прикажете онлајн – направете го тоа. Купувачите сакаат да се запознаат со производите, со... Е-продавница

Секогаш кога има можност вашите услуги и производи да ги прикажете онлајн – направете го тоа. Купувачите сакаат да се запознаат со производите, со цените, да ги разгледуваат повеќе пати во денот. Е-продавница е решение за секој производ и услуга. Можеби имате и хоби од кое сакате да заработите -ова е вистинскиот начин.

Е-продавницата е скроена по типот на производ или услуга која ја нудите.

Ако немате производ ни услуга сепак имате можност да започнете сопствен бизнис со е-продавница. Може да добиете е-продавница за различни производи и многу продавачи. Вие ќе бидете линкот преку кој тие ќе ги продаваат своите производи. Една таква е и Etsy.

Што со е-продавница?

Со е-продавница им возможувате на корисниците да го најдат производот кој им е потребен преку едноставен и елегантен систем на навигација и пребарување, со што добивате безбедна и сигурна веб страна за купување која влева доверба кај клиентите при онлајн купувањето.

Некои од функционалностите кои ги добивате се:

  • Едноставно додавање на производи и услуги, нивно модифицирање и уредување
  • Менаџирање на целата продавница без ИТ вештини
  • Преглед на сите залихи, плаќања и нарачки
  • Максимална безбедност
  • Одлична интеграција на социјални медиуми
  • Увид во најпродавани, најпосетувани и најбарани производи
  • Моќност за додавање намалувања, распродажби и купони за намалувања на цени
  • Сортирање по цена, категорија, материјал, големина
  • Различни класи на испорака
  • Многу други можности.

Најдоброто решение е неодолив изглед и беспрекорен софтвер. Побарајте понуда специјализирана за вас!